• четврток, 26 декември 2024

Националната федерација на фармери донираше инклузивно детско игралиште во Зрновци

Националната федерација на фармери донираше инклузивно детско игралиште во Зрновци
Кочани, 2 септември 2021 (МИА) - Општина Зрновци доби ново инклузивно детско игралиште во рамки на постојниот Етно парк, со што е дополнета неговата функционалност. Уредувањето на просторот за забава и рекреација на најмладите е со донација од Националната федерацијата на фармери, како дел од проектот „From Disabilty to FoodAbility“, што финансиски е поддржан од Шведската агенција за развој. - Набавката и поставувањето на опремата и 11 реквизити во детското игралиште целосно го релизираше Федерацијата на фармери, со што е уреден простор каде децата со посебни потреби ќе се чувствуваат пријатно и слободно и директно ќе може да комуницираат со останатите деца со и без попреченост. Се работи за реквизити изработени од дрво, лесно пристапни за најмладите, што одлично се вклопуваат во етно паркот. Сакаме со реализацијата на овој проект да придонесеме за развојот на инклузивниот образовен систем во нашата локална заедница, истакна градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков. За олеснување на пристапот до Етно паркот и до новото детско игралиште, локалната самоуправа на Зрновци реализира активности за партерно уредување, изградба на сервисна улица и обезбедување паркинг простор за посетителите. За оваа намена се инвестираат над 1,5 милион денари обезбедени преку Бирото за регионален развој на Министерството за локална самоуправа.та/бт/

Остани поврзан