• сабота, 27 јули 2024

Националната спортска федерација за глуви на С Македонија учествуваше на 24 ЛОИ

Националната спортска федерација за глуви на С Македонија учествуваше на 24 ЛОИ
Скопје, 9 мај 2022 (МИА) - Националната спортска федерација за глуви на Република Северна Македонија учествуваше на 24 Летни олимписки игри за глуви и наглуви лица кои се одржуваат во Бразил.
Помеѓу 4 000 спортисти учесници од целиот свет, С Македонија ја претставуваше пливачот Андреј Стојаноски, избран за најдобар спортист во 2021 во категорија на лица со инвалидност.
Како што информираат од НСФГМ, Стојаноски пливал во пет дисциплини и во сите тие избори настап во финалните трки.
Најдобри резултати се:
- 400м мешано 4 место;
- 100м градно 4 место;
- 200м мешано 4 место;
- 200м слободно 7 место и
- 400м слободно 8 место.
Зад успесите на Андреј Стојаноски стои и неговиот тренер-селектор Методија Ангелески. ар/

Остани поврзан