• недела, 24 ноември 2024

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив
Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - Во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, вечерва гостуваше Националната опера и балет на Република Северна Македонија со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”.
 
На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
 
Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, со либрето и драматургија на Сашо Димоски, музика на Калиопи Букле и кореографија и режија на Олга Панго, а во балетска изведба на првенки и првенци на Македонскиот Балет. Пловдивската публика ги поздрави нашите уметници со долготраен аплауз. Гостувањето е поддржано со финансиски средства на Министерството за култура на Република Бугарија.
 
Агнеза Руси Поповска Пловдив
 
Претставата ја следеше и Агнеза Руси Поповска, амбасадорка на Република Северна Македонија во Република Бугарија, и притоа оствари кус и срдечен разговор со раководните лица на двете водечки културни установи. аа/ац/
 

Остани поврзан