• четврток, 26 декември 2024

Националната кампања за родовата еднаквност и семејното насилство во Охрид и Струга

Националната кампања за родовата еднаквност и семејното насилство во Охрид и Струга

Охрид, 20 октомври 2023 (МИА) – Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, со настани во Охрид и Струга ја продолжува Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ (Dancing (Talking)Table) што има за задача да ја подигне свеста за родовата еднаквост и проблемот со семејното насилство.

Во рамки на турнејата во соработка и партнерство со Младинскиот центар од Охрид и Студиото за танц „Бах“ денеска ќе се одржат активности во Охрид во 11 и во Струга од 13 часот, во чии рамки ќе се одржат проекција на филмот „Простор за разговор“ на Рисима Рисимкин, а ќе има и дискусии на односните теми.

На двата настана свои обраќања ќе имаат психологот Теодора Алексијоска, Јован Цветковски, раководител на Младинскиот центар Охрид  и авторката на проектот, уметничката  Рисима Рисимкин.

Проектот е осмислен преку уметнички активизам да се подигнува свеста за родовата (не)еднаквост и семејното насилство. Националната турнеја на проектот се остварува во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија кои се занимаваат со култура и работат на темата родова еднаквост и родово базирано насилство. аб/са/

фото/Интерарт

 

Остани поврзан