• сабота, 23 ноември 2024

Научни собири во Прилеп и работилница на манастирот Трескавец

Научни собири во Прилеп и работилница на манастирот Трескавец
Прилеп, 25 мај 2022 (МИА) - Два научни собира и работилница на манастирот Трескавец организира деновиве Институтот за старословенска култура од Прилеп.  Утре, на 26 мај, 20-тина  научници од земјава ќе говорат на тема „Методологија на научноистражувачката работа користена при истражувањето на културното наследство во нашава држава“, а в петок, 27 мај,  е научниот собир кој ќе ја третира темата на „Сеопфатна заштита на материјалното културно наследство засновано врз мултидисциплинарни научни сознанија“. В сабота, 27 мај, во манастирот Трескавец ќе се одржи работилница за проблемите со кои се соочуваат истражувачите при заштитата на културното наследство. Како што објасни денеска на прес-конференцијата Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура кој е организатор на научните собири поддржани од Министерствата за образование и наука и за култура, како археолошко и културно наследство, манастирот е вистински пример за истражувачите. -Научните сознанија се исклучени или минимално се користени при постапките на стручнатас заштита, конзервацијата и ревитализацијата на културните добра и сметаме дека како научна институција мора да ги апострофираме научните сознанија.  Имаме евидентни пропусти во правната, законската заштита на културното наследство, а недостасува и сосодветна финансиска поддршка на научно-истражувачката работа. Работилницата на манастирот Трескавец е повеќе тркалезна маса на која сите чинители ќе може да ги истакнат сите проблеми, аспекти и конструктивни приоди за решавањето на проблемите. Тие може соодветно да се илустрираат на културниот комплекс Трескавец, изјави Ристески. На двата научни собири ќе учествуваат преку 30 еминентни научници од земјава.ем/лв/

Остани поврзан