• сабота, 16 ноември 2024

Научници тврдат дека лилјаците се отпорни на коронавирусот

Научници тврдат дека лилјаците се отпорни на коронавирусот
Лондон, 24 јули 2020 (МИА) - Со изолирање на генот на лилјакот, научниците дошле до заклучок дека ова животно има уникатен имунолошки систем и е отпорно на коронавирусот, изјави Ема Тилинг, професор на Универзитетот во Даблин. Според неа, доколку научниците би можеле да најдат начин да го имитираат имунолошкиот систем на лилјакот, можеби во природата ќе може да се најде лек за коронавирусот. - Се тоа би можело да им укаже на научниците на чекорите кои треба да ги преземат за да дојдат до лек против коронавирусот, нагласи Тилинг. Таа го започна научниот проект Bat1K, со цел да се декодираат гените на секој од 1.421 познат вид на лилјаци. гт/

Остани поврзан