• среда, 25 декември 2024

Научници бараат доброволци кои ќе „ги слушаат“ ѕвездите

Научници бараат доброволци кои ќе „ги слушаат“ ѕвездите
Левен, 11 jaнуари 2022 (МИА) - Белгиски научници бараат доброволци кои ќе „ги слушаат“ ѕвездите и ќе помогнат во откривањето и категоризација на нови ѕвезди и соѕвездија. На интернет-страницата на астрономите од Универзитетот во Левен во Белгија за проектот „AstroSounds“, се наведува дека астрономијата не се состои само од набљудувања, туку дека ѕвездите можат да создаваат и звук преку вибрации. Предвидени се експерименти за тоа дали човечкото уво може да ги разликува звуците што ги произведуваат ѕвездите. Кетрин Коленберг, научник од Универзитетот во Левен, рече дека одредени ѕвезди можат да произведат звук и вибрации коишто човечкото уво не може да ги слушне. - Ѕвездите може да вибрираат како огромни ѕвона, и иако човечкото уво не може директно да ги слушне, тоа може да се види во промената на светлината што доаѓа од ѕвездите, која подоцна може да се претвори во звук... А ѕвездите, како и сонцето, се огромни топки од гас. Тие имаат посебни карактеристики кои произведуваат посебни звуци, вели Коленберг. Овозможувајќи им на повеќе луѓе се сосредооточат и да слушаат различни видови ѕвезди, научниците ќе се обидат да откријат колку човечкото уво е способно за прием и анализа на вакви податоци.  си/

Остани поврзан