• четврток, 26 декември 2024

Научна конференција во Штип по повод 10 години постоење на Институтот за историја и археологија

Научна конференција во Штип по повод 10 години постоење на Институтот за историја и археологија

Штип, 23 ноември 2023 (МИА) -Триесет и шест учесници од Русија, Бугарија и Северна Македонија поделени во две групи се дел од Меѓународната конференција на тема „Македонија-Крстопат на епохи цивилизации и култури, Историја-Археологија-Уметност“, која се реализира на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип.

Трајче Нацев универзитетски професор на Факултетот за образовни науки при УГД-Штип вели поводот за реализација на првата меѓународна конференција е јубилејот 10 години постоење на Институтот за историја и археологија. Финансиската поддршка за реализација на оваа конференција е на УГД Штип

- Оваа година ова е првата меѓународна конференција, оти институтот има организирани и други конференции. Учесници имаме од Русија, Бугарија и Македонија и нивниот број е вкупно 36. Ќе имаме презентации Тие се поделени во две групи, едната е за организирање на сесии за антика и среден век, додека другата група ќе ги организира сесиите за модерниот период, вели Нацев.

Институтот за историја и археологија во 10 годишното постоење има реализирано повеќе проекти, меќу кои погребување под могили во Општина Конче, палеолитски истражувања во Источна Македонија и други. Организирани се и неколку трибини за антика, среден век и за Османлискиот период. вдј/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан