• вторник, 12 ноември 2024

Научен собир за Јован Павловски по повод 85 години од неговото раѓање и 65-годишната творечка дејност

Научен собир за Јован Павловски по повод 85 години од неговото раѓање и 65-годишната творечка дејност
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, денеска, напладне, во просториите на ИМЛ, ќе ги одбележи двата јубилеја на македонскиот писател, поет, раскажувач, енциклопедист и публицист Јован Павловски: 85 години од неговото раѓање и 65 - годишната творечка дејност. Собирот ќе го отвори претседателката на Организациониот одбор проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од ИМЛ, а за творештвото на Павловски ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова (МАНУ), проф. д-р Наташа Аврамовска, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и проф. д-р Гоце Смилевски. -Како поет, раскажувач, романсиер, писател за возрасни, писател за деца и млади, хроничар – документарист, енциклопедист и публицист, Јован Павловски создаде богат и разновиден опус, кој има свое значајно место во летописот и тековите на современата македонска литература. Дебитираше со стихозбирката Август во 1961 година, а потоа објави низа поетски книги, меѓу кои: Медеја, Идентитет, Ментален простор, Одработен страв, Строгоста на живеењето и други, наведуваат организаторите на научниот собир. Павловски е автор на романите Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко, Сок од простата, Проверка на слободата, Град, години луѓе и други. Има објавено и повеќе документаристички дела, меѓу кои: Блиско сонце, Гемиџиите, Ѕвездена прашина, Огнено семејство – Спомени на Лика Чопова, Ние на Татковината ѝ должиме сé, а таа нам ништо!, Судењата како последен пораз, Кажувања, како и публицистичките: Бев со нив, Од онаа страна на границата, Од првична идеја до држава (коавтор: Мишел Павловски) и други. Павловски е добитник на врвни награди, меѓу кои: „Климент Охридски“, Рациново признание, „Стале Попов“, Книжевно жезло за творечки опус, „Мито Хаџивасилев - Јасмин“, „Златна плакета на град Тетово, „19 Ноември“ на град Тетово, „13 Ноември“ на Град Скопје, „Крсте Мисирков“, „Духовен воин“ и „Златно перо“. Неговото творештво е преведено на повеќе од 20 јазици во светот. вг/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан