• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Научен собир за штетни наративи: Левица, ВМРО-ДПМНЕ, Демократско движење и СДСМ предводат со употреба на неологизми

Научен собир за штетни наративи: Левица, ВМРО-ДПМНЕ, Демократско движење и СДСМ предводат со употреба на неологизми

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Партиите Левица, ВМРО-ДПМНЕ, се најчести корисници на неологизми во политичкиот дискурс во Северна Македонија. Најчестите неологизми вклучуваат термини како „канцер мафија“, „казиноман“, „етнотрибализам“ и „груевистички“.

Во рамките на научниот собир на Институтот за комуникациски студии за монографијата „Наративна стапица: откривање на штетните наративи кај политичарите и медиумите“ што се одржува во моментов, беа претставени клучните наоди од монографијата.

Најмногу неологизми, според монографијата, употребува Левица (25), следена од ВМРО-ДПМНЕ (14), Демократско движење (4) и СДСМ (2).

Најчестите неологизми вклучуваат термини како „канцер мафија“, „бизнис пајташ“ и „тендер политиките“ од ВМРО-ДПМНЕ, „казино партија“ и „казиноман“ од Демократско движење, „етнотрибализам“ и „премиерот терорист“ од Левица, како и „Груевистички“ од СДСМ. Овие термини често се користат за критика на политички противници и за манипулативно конструирање на јазична реалност.

Методологијата за истражување на штетните наративи и нивното влијание ги претстави м-р Јадранка Четепналкова Трајкоска (ИКС). Асс. м-р Теа Конеска-Василевска ќе зборува за комуникациските практики на политичките актери, проф. д-р Симона Груевска-Маџоска ќе го анализира политичкиот новоговор на македонски јазик, а м-р Јордана Шемко ќе се осврне на неологизмите во албанскиот јазик. Психолошките ефекти од континуираната изложеност на штетни наративи ќе ги појасни проф. д-р Елеонора Серафимовска. ар/нд/

Остани поврзан