• среда, 13 ноември 2024

Научен собир за македонските писатели кои создаваат во странство

Научен собир за македонските писатели кои создаваат во странство

Скопје, 23 ноември 2022 (МИА)Во организација на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје се одржа научен собир на тема Книжевното творештво на македонските автори во дијаспората - компарации, насоки и препораки.

На собирот, како што информира Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје (ИНАКУ), зедоа голем број учесници од земјава и странство (Австралија, Италија, Србија, Хрватска, Шведска, Црна Гора и други земји), кои заклучија дека поделбата на писатели од татковината и во странство е вештачка и непотребна, зашто речиси сите тие пишуваат на мајчиниот јазик и нема некои посебни и поголеми разлики меѓу нив.

-Учесниците на собирот констатираа дека и терминот дијаспира не е најсоодветен и по малку е навредлив за нив, а литературата што тие ја создаваат може да се оквалификува како носталгична книжевност, информираат од ИНАКУ. 

На собирот покрај за македонската книжевност се говореше и за другите литератури кои се создаваат на Балканот, Европа и во светот. Притоа беше предложено да бидат подготвени и објавени повеќе избори со творештвото кое се создава во странатво, а овој собир на творците кои живеат, работат и создаваат во странство - да стане традиционален и да се одржува барем еднаш годишно. мд/са/

Остани поврзан