• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени

Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени

Скопје, 6 март 2025 (МИА) - Времето утре наутро ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Во наредните денови продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. До вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер. сст/ев/

Фото МИА архива

 

Остани поврзан