• четврток, 26 декември 2024

Науседа со порака до Путин по нападот врз соработникот на Навални: Никој не се плаши од тебе

Науседа со порака до Путин по нападот врз соработникот на Навални: Никој не се плаши од тебе

Вилнус, 13 март 2024 (МИА) - Литванскиот претседател Гитанас Науседа денеска му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека никој не се плаши од него, во врска со нападот на рускиот опозиционер во егзил Леонид Волков.

Овој близок соработник на Алексеј Навални бил нападнат од Русија, денеска потврди литванската државна безбедност, пренесуваат британските медиуми.

-Нападот во Литванија очигледно беше планиран од порано и е во врска со други провокации против балтичките држави, рече Науседа. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан