• среда, 27 ноември 2024

Науката потврди: Мачето и кучето го прават човекот посреќен

Науката потврди: Мачето и кучето го прават човекот посреќен
Стокхолм, 3 септември 2021 (МИА) - Физичкиот контакт може да го направи човекот посмирен и посреќен, а понекогаш е доволно и галење мачка или куче, смета шведскиот неврофизиолог Хелена Беклунд Васлинг. Таа истакнува дека чувството на допир е исклучително важно за луѓето. Во својот научен труд, објаснува дека времето минато со домашно милениче - мачка или куче, може да има смирувачки ефект во разни и различни ситуации. Васлинг, исто така, укажува на разликата меѓу галењето вистински, живи животни и играњето со кадифните играчки. - Се работи за дишењето, топлината - еден вид одговор што го добива човек. Убаво е кога некој дозволува да се гали, додека покажува и дека му се допаѓа тоа, вели неврофизиологот. Позитивната реакција по игра со домашни миленици се јавува како резултат на ослободување на окситоцин - хормонот на среќата.  си/

Остани поврзан