Натпревар за првото место на табелата во кошаркатската Супер лигата
- Последниот натпревар од 18.коло од МТел Супер кошаркарската лига се игра попладнево во Гевгелија (Негорски бањи), а тоа воедно е и дербито на колото дуелот на двете првопласирани екипи ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром
Гевгелија, 13.март 2026 (МИА) – Последниот натпревар од 18.коло од МТел Супер кошаркарската лига се игра попладнево во Гевгелија (Негорски бањи), а тоа воедно е и дербито на колото дуелот на двете првопласирани екипи ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром. Почетокот на дуелот е во 17 часот.
ТФТ кој е лидер на табелата има еден пораз во седмото коло токму од денешниот ривал, додека првакот МЗТ Скопје Аеродром има еден „службен пораз“ од екипата на Ангели притоа и не доби бод за загубениот натпревар на „хартија“. Овие податоци даваат поголема привлечност на дуелот, но не треба да се заборави и дека двата тима беа дел од АБА 2 лигата, а ТФТ успеа да избори пласман во плеј офот.
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 18.КОЛО
Тиквеш Голден Игл – Ангели 114:90
Гостивар – Чаир 2030 76:81
Кожув – Феникс 2010 113:98
Работнички – Маџари 97:7
Пелистер - МКК Куманово 92:62
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром – петок 13.март (почеток 17 часот)
ТАБЕЛА: ТФТ 33 бодови, МЗТ Скопје А. 32, Пелистер 31, МКК Куманово 27, Маџари 27, Кожув 27, Чаир 2030 27, Тиквеш ГИ 26, Работнички 25, Феникс 2010 24, Гостивар 22, Ангели 19. мн/
Фото: МИА