• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Натпреварите во Евролигата ќе започнат со минута молчење поради смртта на Јанис Тима

Натпреварите во Евролигата ќе започнат со минута молчење поради смртта на Јанис Тима

Барселона, 17 декември 2024 (МИА) - Евролигата се придружува на латвиската и меѓународната кошаркарска заедница во жалост за смртта на Јанис Тима, објави најпрестижното европско клупско кошаркарско натпреварување.

Тима (32) денеска е пронајден мртов во руската престолнина Москва, а според првичните информации извршил самоубиство.

Евролигата соопшти дека ќе се одржи едноминутно молчење пред натпреварите од 16. коло на турнирот, кои на програмата се денеска и утре.

Тоа ќе се случи и пред натпреварите од 12. коло на вториот по силина турнир - Еврокупот, кој исто така е под управа на Евролигата. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан