• вторник, 24 декември 2024

НАТО со осуда на референдум на окупираните украински територии и руската нуклеарна реторика

НАТО со осуда на референдум на окупираните украински територии и руската нуклеарна реторика
Брисел, 22 септември 2022 (МИА) - Државите-членки на НАТО денеска остро ја осудија намерата за одржување т.н референдуми на територијата на Украина под руска окупација и ја отфрли руската „неодговорна нуклеарна реторика“. -Најостро го осудуваме планот за одржување на т.н референдум за приклучување кон Руската Федерација на украинските територии делумно контролирани од Русија, се вели во соопштението на Северноатлантскиот совет, телото составено од амбасадори на земјите-членки на НАТО. Русија најави одржување референдуми во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон. Членките на НАТО нагласуваат дека никогаш нема да признаат нелегална и нелегитимна анексија на украинска територија. -Тоа е украинска територија. Ги повикуваме сите земји да ги отфрлат очигледните руски обиди за освојување територии, се вели во соопштението. Истовремено во соопштението се отфрла и „неодговорната нуклеарна реторика“. -Русија сноси целосна одговорност за војната, огромното страдање што нејзината агресија му го носи на украинскиот народ, како и за цената на нејзината војна, вклучително и за рускиот народ кој сега се мобилизира. Русија го има крајот на конфликтот во свои раце и мора веднаш да ја запре оваа војна и да се повлече од Украина, се вели во соопштението на Северноатлантскиот совет. аб/паг/

Остани поврзан