• среда, 18 декември 2024

НАТО потврди дека ќе продолжи да ја поддржува Украина во 2024 година

НАТО потврди дека ќе продолжи да ја поддржува Украина во 2024 година

Брисел, 10 јануари 2024 (МИА) – Членките на НАТО јасно потврдија дека ќе продолжат да и даваат на Украина голема воена, економска и хуманитарна помош, соопштено е денеска од седиштето на воената алијанса во Брисел.

Во соопштението по видео-конференцијата НАТО-Украина, се наведува дека земјите-членки презентирале планови за обезбедување „милиони евра за понатамошна поддршка на Украина во 2024 година“.

- НАТО силно ги осудува руските ракетни и напади со дронови врз украинските цивили, вклучително и употребата на оружје од Северна Кореја и Иран, Јенс Столтенберг.

Тој потсети дека втора година по ред, рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја истроши Украина со масовни напади, но нема да успее.

- Руската кампања на суровост само ја зајакнува решителноста на Украина. Додека Москва ги интензивира своите напади врз украинските градови и цивили, сојузниците на НАТО ја зајакнуваат воздушната одбрана на Украина. Ќе продолжиме да стоиме на страна на храбрите Украинци додека тие возвраќаат на руската агресивна војна, нагласи Столтенберг. јт/

Фото: НАТО

Остани поврзан