• среда, 18 декември 2024

НАТО засега се воздржува од коментар за настаните во Јужна Кореја

НАТО засега се воздржува од коментар за настаните во Јужна Кореја

Брисел, 4 декември 2024 (МИА) – Ги следиме настаните во Јужна Кореја, нема да ја коментирам внатрешнополитичката ситуација, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте пред почетокот на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата во Брисел.

- Јужна Кореја е наш многу важен пријател. Доколку е потребно, ќе коментирам подоцна, засега го знаеме тоа што гледаме на телевизија, додаде Руте.

Тој информира дека министрите денеска ќе разговараат за руската кампања на непријателства против сојузниците.

- Русија и Кина се обидуваат да ги дестабилизираат земјите на НАТО со саботажи, кибер-криминали, да ја користат енергијата како оружје. Треба да разговараме како да се браниме, да споделуваме разузнавачки информации, да ја заштитиме критичната инфраструктура, додаде Руте. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан