• сабота, 23 ноември 2024

НАТО го повика Иран да изврши влијание врз бунтовниците Хути

НАТО го повика Иран да изврши влијание врз бунтовниците Хути

Брисел, 12 јануари 2024 (МИА) - НАТО денеска соопшти дека Иран мора да го искористи своето влијание за да ги контролира јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани, снабдувани и опремени од Техеран, јави ДПА.

-Иран има посебна одговорност кога станува збор за неговите „штитеници“, изјави портпаролот на НАТО, Дилан Вајт.

„На нападите на Хутите мора да им дојде крајот“, Додаде Вајт, пренесен од ДПА.

Од избувнувањето на војната во Газа меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година, Хутите поддржани од Иран постојано напаѓаа бродови во Црвено Море за кои се сомневаа дека имаат врска со Израел.

Големите бродски компании се повеќе ја избегнуваат рутата по ова море што ги принудува да ги пренасочуваат бродовите по многу подолга и скапа рута околу Јужна Африка.

Како одговор, САД, Велика Британија и другите западни сојузници од утринава почнаа воздушни напади врз неколку позиции на Хутите во Јемен.

НАТО, претходно денеска излезе со ставот дека овие американско-британски напади имаат одбранбен карактер и имаат за цел да ја зачуваат слободата на пловидба на еден од најважните светски водни патишта. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан