• вторник, 19 ноември 2024

НАТО ги договори плановите во случај на руски напад

НАТО ги договори плановите во случај на руски напад

Брисел, 10 јуни 2023 (МИА) - Сојузниците на НАТО постигнаа договор за регионалните планови во случај на руски напад.

Со децении, западната воена алијанса не гледаше потреба да се договори за големи одбранбени планови и долго време сметаше дека постсоветска Русија повеќе не претставува закана.

Но, сега земјите-членки одлучија дека мора да имаат разработен план во случај на конфликт со Москва. Турција го блокираше одобрувањето на плановите поради прашања за географски локации како Кипар, но членките на НАТО на крајот постигнаа договор, пишуваат британски медиуми.

Поради финансирањето на овие планови, лидерите се подготвени да ги зголемат целните воени трошоци, со што сегашните два отсто од националниот БДП ќе бидат минимални барања. Претставниците на НАТО проценуваат дека ќе бидат потребни неколку години за спроведување на плановите, иако нагласуваат дека ако е потребно, Алијансата може веднаш да војува. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан