• недела, 17 ноември 2024

„НаТочак“ постави бел точак на местото каде загина Билаљ Љамалари

„НаТочак“ постави бел точак на местото каде загина Билаљ Љамалари
Скопје, 28 јули 2021 (МИА) - „НаТочак“ вечерва постави бел точак (ghost bike) на локацијата во Скопје каде Билаљ Љамалари го изгуби својот живот по сообраќајниот судир во кој тој возејќи точак беше удрен на пешачки премин од 20 годишно момче кое возело автомобил над пропишаната брзина.
Од „НаТочак“ информираа дека во негова чест е поставен бел точак за потсетување на институциите кои можеле да го превенираат овој судир, но и за спомен на Билаљ.
- Многубројните сообраќајки (судири или удари) и условите кои бараат екстремна снаодливост и вештини дополнително негативно влијаат на одлуката луѓето да користат точак како превозно средство бидејќи се чувствуваат небезбедни. Само најхрабрите се одлучуваат да се качат на точак, додека децата, родителите со деца, постарите граѓани, лицата со посебни потреби (кои би можеле да користат специјални велосипеди) поради степенот на загрозеност го немаат изборот да се движат на точак, посочуваат од „НаТочак“. Оттаму истакнаа дека сите акции и кампањи за подигање на свеста за совесно возење автомобил кои се борат со овој проблем треба да имаат позадина која и физички ќе го наложи тоа, односно соодветна инфраструктура, а потоа и редовно контролирање и соодветно и сериозно казнување на прекршоците. Имено, покрај поставувањето на бел точак, вечерва членовите на иницијативата „Ноќна Критична Маса #87: Бараме мерки за ноќните ѕверки!“, организираа ноќно возење со велосипеди со барање за мирни ноќи, без бучава и турирање, безбедни улици и безбедно движење за сите.
Досега „НаТочак“ има поставено повеќе бели точаци за загинати велосипедисти во сообраќајот.см/фф/

Остани поврзан