• среда, 25 декември 2024

Наталија Лукомска, Живко Грозданоски, Бранислав Николов и Иванка Ниба – добитници на наградите од Литера

Наталија Лукомска, Живко Грозданоски, Бранислав Николов и Иванка Ниба – добитници на наградите од Литера

Скопје, 19 мај 2024 (МИА) - На вчерашниот, последен ден на Литера традиционално беа доделени наградите за најдобри книжевни и визуелни остварувања од областа на литературата за деца. 

Награда за најдобра илустрација е доделена на илустрација на Наталија Лукомска „Си беше еднаш… Најубавите бајки на сите времиња“, адаптација на текст Оливера Ќорвезироска, издание на „Арс ламина“.

Добитник на наградата за најдобар текст е текстот на Живко Грозданоски, илустрации Воскресија Андреевска, издание на „Чудна шума“.

Награда за сликовница во целина е доделена за „Ѕуница“, текст Бранислав Николов, илустрации Иванка Ниба, едиција „Светулка 2“, издание на „Арт & Арт студио Батев“.

Доделено е и признание за СОС Детско село за вложување во креативни изданија што промовираат инклузивност, како и признание за Халкбанк А.Д Скопје, како општествено-одговорна компанија за поттикнување на развојот на визуелната култура кај децата преку ликот на Халки.

Софија Семенпеева Трајановска, директорка на фестивалот, истакна дека со секоја следна Литера целиот тим што работи на него е збогатен со нови искуства и знаења кои ги применува во следните изданија. Се заблагодари на сите кои беа дел од Литера, особено на детската публика заради која, како што рече, Литера е формирана. сст/дма/

фото Литера

Остани поврзан