• среда, 25 декември 2024

Наталија Кобилкина се сели во Лондон

Наталија Кобилкина се сели во Лондон
Атина, 16 октомври 2020 (МИА) - Руско-бугарскиот сексолог Наталија Кобилкина, која кај нас стана популарна по комичните интернет-видеа со сексуални совети, пред сѐ, кон своите следачки, се сели во Лондон. Нејзиниот сопруг Такис е од Атина, па откако се родил нивниот син Филип, тие извесно време живееле таму, „кај свекрвата“, како што вели Кобилкина. „Тука имавме среќни мигови и благодарна сум што првата година од мајчинството свое ја минав во топлата Грција, до свекрвата. Такис е полн со идеи и енергија да работи во Лондон и јас, просто, си го следам срцето“, напиша таа на Инстаграм. Тие веќе ја напуштиле Атина и се упатиле кон Обединетото Кралство. си/

Остани поврзан