Настап на дуото „Белден“ во „Аудиокултура“ во Скопје
- Создадено од љубов кон корените и од потребата да се сочува живиот пулс на македонската традиција, дуото ја истражува и изведува изворната народна музика...
Скопје, 28 ноември 2025 (МИА) - Дуото „Белден“, заедно со гостинката Лена Димовска, во „Аудиокултура“ во Скопје в сабота ќе донесат автентичен звук, изворни мелодии и силна, чиста емоција - како што се предавале од поколение на поколение. Настапот е закажан за 19:00 часот.
При секој настап, дуото повикува гости - млади музичари, пејачи или кажувачи, со што се збогатува изведбата и се гради живо, заедничко сценско искуство.
Специјален гостин ќе биде Мартин Митревски (тарабука).
Дуото „Белден“ е оформено во ноември 2025 година од Тихомир Јанчовски и Стефче Стојковски. Создадено од љубов кон корените и од потребата да се сочува живиот пулс на македонската традиција, дуото ја истражува и изведува изворната народна музика и народната поезија во нивната автентична форма. си/са/
Фото: Дуо „Белден“.