• сабота, 28 декември 2024

Настан „Хероини во туризмот“ за поттикнување и охрабрување жените да се бават со туризам

Настан „Хероини во туризмот“ за поттикнување и охрабрување жените да се бават со туризам
Скопје, 30 март 2022 (МИА) - Претставување на пошироката слика и можности кои ги нуди туризмот како една алка во економијата преку која директно и индиректно се охрабруваат жените претприемачи со нивните семејства да се приклучат во туристичката понуда на нашата земја е целта на настанот „Хероини во туризмот“, што денеска ќе се одржи во Скопје во организација на истоимената асоцијација. На настанот е предвидена богата програма со панел дискусии на повеќе теми на кои ќе земат збор „локални хероини“ кои веќе се дел од туристичката понуда во нашата земја, експерти за локални искуства од земјава, како и од Полска, Франција, Германија, Италија и Колумбија, поддржувачи на женското претприемништво во нашата земја и во Европа, иницијатори и обучувачи за социјалното претприемништво, маркетинг експерти, туристички водичи, поддржувачи на руралниот и активен туризам, жени занаетчии, основачи на здруженија за одржлив развој и многу други. Како што најавуваат од асоцијацијата „Хероини во туризмот“, настанот, на чие отворање ќе се обратат државната секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ-Дуровиќ и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ќе го следат повеќе од сто присутни жени кои со својата дејност и хоби имаат поврзаност со туризмот и туристичката понуда во нашата земја а ќе биде споделуван во живо преку фејсбук линк на македонски јазик за сите заинтересирани кои не се во можност да имаат свое физичко присуство на конференцијата поради пополнетиот капацитет, како и преку Zoom линк до сите слушатели од странство што ќе биде пренесуван со симултан превод на англиски јазик. Покрај конференцискиот дел, на настанот ќе има отворен базар со 20 штандови каде ќе бидат организирани директни средби меѓу „локалните хероини“ кои се веќе дел од туристичките понуди, присутни претставници од тур оператори за дојдовен туризам, агенции за појдовен туризам кои имаат за цел развивање на свои патувања во нашата земја, локални водичи, претставници од организации и програми кои го поддржуваат женското претприемништво и потенцијалните хероини кои ќе имаат можност да добијат поголема мотивација од страна на веќе вклучените жени „хероини“ во туристичките понуди. вј/сп/

Остани поврзан