• недела, 17 ноември 2024

Настани во Крива Паланка и Куманово во рамки на кампањата за унапредување на стручното образование

Настани во Крива Паланка и Куманово во рамки на кампањата за унапредување на стручното образование
Скопје, 23 февруари 2022 (МИА) - Заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу денеска во Крива Паланка и Куманово ќе присуствува на настани во рамки на дијалогот на МОН за унапредување на средното стручно образование. Дијалогот помеѓу МОН и надлежни институции во областа на образованието, градоначалници и претставници на локалните самоуправи, бизнис-секторот, претставници на средните стручни училишта и меѓународни организации е во рамки на капмањата „Учи паметно, работи стручно“ и во насока на креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година. хс/вг/        

Остани поврзан