• четврток, 19 декември 2024

Наставници и професори од повеќе училишта добитници на признанието „Просветен работник на годината“

Наставници и професори од повеќе училишта добитници на признанието „Просветен работник на годината“
Скопје, 5 октомври 2021 (МИА) - Единаесет наставници, професори и воспитувачи од повеќе основни и средни училишта, како и градинки на територијата на Република Северна Македонија се добитници на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2020/21 година. По повод 5-ти октомври, Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, по претходен конкурс, додели Признанија и плакети на истакнати просветни работници за учебната 2020/2021 година. Од предучилишното образование - категорија воспитувачи добитници се м-р Љиљана Крстевска, и Биљана Лотеска, воспитувачи од Градинка „Детска радост“ - Скопје. Од основното образование во категорија одделенска настава добитници се м-р Весна Недановска, одделенски наставник од ООУ „11 Октомври“ - Скопје и Анета Велкоска, одделенски наставник од ООУ „Браќа Миладиновци“ Скопје, и од категорија предметна настава добитници се  м-р Виолета Панев, професор по англиски јазик од ООУ „Владо Тасевски“- Скопје и Лариса Жулина Митовски, професор по музичко образование од ООУ „Јоаким Крчоски“ - Крива Паланка, Од средното образование добитници на признанието се м-р Стојан Манолев, професор по физика од СОУ „Гоце Делчев“ - Валандово, а од просветните работници од стручни служби на различни нивоа - средно образование Валентина Костова Дамчевска училишен педагог од ДСМУ „Др. Панче Караѓозов„ - Скопје и од предучилишно образование Елизабета Симоновска, педагог во ОЈУДГ „Астибо“ - Штип. Оваа година Сојузот на просветните работници со оглед на специфичноста на перидот предизвикан од пандемијата од ковид 19, а вреднувајќи го ангажманот на сите кандидати, на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија со цел да бидат на соодветен начин наградени и кандидатите кои не добиваат Признание за просветен работник на годината, а согласно нивните приложени професионални референци, додели и две дополнителни Признанија за конкретни достигнувања во воспитно-образовниот процес, на кандидатите за учебната 2020/2021 година. Од основно образование - одделенска настава добитник на ова признание е Весна Гагалоска, од ООУ „Тодор Ангелевски“ - Битола, наставник по одделенска настава, за остварени резултати во менторство на учениците во натпревари на општинско, регионално, државно и меѓународно ниво во основно образование, за учебната 2020/2021 и Хилда Димитиревска, од ООУ „Крсте Мисирков“ - Куманово, наставник по одделенска настава, за учество на едукативни семинари и добиени сертификати и дисеминации во основно образование за учебната 2020/2021 година. Во соработка со Министерството за образование и наука, на годинашните добитници на признанието Просветен работник на годината за 2021/2021 им беа доделени плакети за вонредени ангажирања и придонес во унапредување на воспитно-образовната дејност на работното место, а на добитниците на Признанија за конкретни достигнувања во воспитно-образовниот процес им беа доделени плакета за конкретни достигнувања и придонес во унапредување на воспитно-образовната дејност на работното место. ар/са/

Остани поврзан