• среда, 25 март 2026

Приведен наставник во скопско средно училиште за вознемирување ученичка

Приведен наставник во скопско средно училиште за вознемирување ученичка

Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Во полиција било пријавено дека наставник во скопско средно училиште вознемирувал ученичка и барал да имаат полови односи, по што тој бил лишен од слобода.

Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираа дека вчера во 17:30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Скопје лишиле од слобода 52-годишен скопјанец, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25 февруари до 2 март, вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи.

- По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, додадоа од МВР. бд/са/

Фото: Фејсбук-страница на инистерството за внатрешни работи

Остани поврзан