• среда, 13 ноември 2024

Наставичката Панев избрана за ментор од МОН: Љубовта кон учениците и многу труд ми овозможија напредок во кариерата

Наставичката Панев избрана за ментор од МОН: Љубовта кон учениците и многу труд ми овозможија напредок во кариерата
Скопје, 4 јули 2021 (МИА) – Виолета Панев, предметен наставник по англиски јазик во ОУ „Владо Тасевски“ во Скопје, која е една од 141 унапредени наставници во ментор преку јавен оглас на Министерството за образование, порачува дека наставникот е тој што остава личен белег на многу генерации ученици, како и дека тоа ја прави оваа професија волшебна, а истовремено и исклучително одговорна. -Љубовта кон професијата, многу труд да ги направи часовите по англиски интересни за учениците и ми овозможи постојаното вложување во своето надоградување. Наставник ментор опфаќа многу активности во склопот на самото училиште и надвор од образовната институција и систематското развивање на способностите. Компетенциите и вештините на еден наставник ментор се базираат на научните принципи и достигнувања од една страна и онаа практична наставна пракса во самата образовна институција, вели наставничката. Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е вториот јавен повик за наставници од основните училишта за напредување во звање ментор. Во самиот повик е наведена листата на училишта на кои се однесува. Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 15 јули 2021 година. -Министерството ги повикува сите наставници од наведените јавни основни училишта во повикот, доколку ги исполнуваат условите, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок, за да го остварат законски утврденото право за напредување во звање „ментор“, а со тоа и да си обезбедат повисок личен приход, се наведува во соопштението од МОН. Исто така, од Министерството потенцираат дека наставниците - ментори помагаат во спроведувањето на новата Концепција во основно образование, која стартува од септември годинава во прво и четврто одделение, а реформските процеси во деветолетката целосно ќе се имплементираат во следните 5-6 години.свс/вј/

Остани поврзан