• вторник, 24 декември 2024

Насрала: Израел не ги постигна своите поставени цели во Газа, освен убивање

Насрала: Израел не ги постигна своите поставени цели во Газа, освен убивање

Бејрут, 14 јануари 2024 (МИА) - Лидерот на проиранското либанско движење Хезболах, Хасан Насрала, денеска изјави дека Израел „не успеа“ да ги постигне своите цели во Газа, што ќе ја принуди земјата да преговара.

-Што постигна непријателот за 100 дена, освен убивање?, рече Насрала во телевизискиот говор за смртта на највисокиот воен претставник на Хезболах, Висам Тавил, кого Израел го уби во неодамнешен напад во јужниот дел на Либан.

Насрала оцени дека Израел не постигна „никаква вистинска или привидна победа“. 

-Не успеа да ги постигне своите наведени, полукажани и претпоставени цели, додаде тој.

Војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа беше предизвикана од нападот на палестинското исламистичко движење Хамас врз Израел, на 7 октомври, во кој загинаа околу 1.140 лица, главно цивили, потсетуваат француските медиуми.

Израел вети дека ќе го уништи Хамас, кој владее со Газа од 2007 година, и, како одмазда, немилосрдно ја гранатира областа во која досега загинаа најмалку 23.968 лица, главно жени, тинејџери и деца, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство на Хамас.

Од 8 октомври, има дневна размена на прекугранични оган меѓу либанското движење, за кое велат дека интервенира во поддршка на Хамас против израелската армија.

Од друга страна, јеменските бунтовници Хути поддржани од Иран ги засилуваат нападите врз бродови во Црвеното Море, за кои се верува дека се поврзани со Израел. Тие рекоа дека тоа го прават во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Ирачките борци поддржани од Техеран, исто така, тврдат дека извршиле напади врз базите во кои се сместени американските војници во Сирија и Ирак.

-Ако продолжиме по овој пат, без разлика дали во Газа, Западниот Брег, Либан, Јемен или Ирак, непријателската (израелска) влада нема да има друг избор освен да ги прифати условите на отпорот во Газа и затоа да стави крај на агресијата. за Газа и почеток на преговори, рече Насрала. sd/

Остани поврзан