• среда, 18 декември 2024

Наскоро почнува операција за спасување на грчкиот танкер што гори во Црвеното Море

Наскоро почнува операција за спасување на грчкиот танкер што гори во Црвеното Море

Брисел, 2 септември 2024 (МИА) – Наскоро ќе почне спасувањето на нафтениот танкер MV Sounion, кој беше нападнат од Хутите, потврди денеска поморската мисија на Европската унија во Црвеното Море, Аспидес.

Аспидес во соопштението наведе дека „неколку пожари“ сè уште горат на бродот регистриран во Грција што превезувал околу еден милион барели сурова нафта, додавајќи дека нема видливи знаци на излевање. Операцијата за спасување најверојатно ќе биде сложена, а доколку дојде до излевање на нафта, тоа би можело да биде едно од најголемите излевања од брод во историјата и може да предизвика еколошка катастрофа во област каде пристапот е особено опасен.

„Поради големото количество сурова нафта што го транспортира, MV SOUNION претставува значајна еколошка закана. Приватни компании се вклучени во спасувачката операција која ќе почне наскоро“, објави Аспидес на X.

Европската поморска мисија денеска соопшти дека ќе обезбеди заштита за реморкерите кои ќе учествуваат во спасувачката операција.

Хутите напаѓаат трговски бродови во знак на поддршка на Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Танкер во сопственост на Саудиска Арабија и танкер регистриран во Панама биле нападнати денеска во Црвеното Море во близина на Јемен, соопштија два извори запознаени со инцидентите, но не е јасно дали пловилата биле нападнати од јеменските Хути. јт/

Остани поврзан