• недела, 24 ноември 2024

Наскоро нова сликовница „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“

Наскоро нова сликовница „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли” е новата сликовница од циклусот „Приказни за облеките, каде главните протагонисти се маичката Лефти и панталоните Рајти“. Автор на сликовницата е Наташа Дукоска.

Во новата сликовница, која се очекува да излезе до крајот на годината, се зборува за џемперчето Воли, скратено од Волненко.

Дукоска вели дека отсекогаш имала посебен однос кон џемперите, кои топлат и ги носиме за секој случај. 

- Воли е едно прекрасно џемперче, кое е секогаш подготвено да се најде во ладно и во топло, вели Дукоска.

Илустрациите и овој пат се на Хари Дудески, а издавач е „Чудна шума“. бак/са/

 

Остани поврзан