• среда, 18 декември 2024

Наскоро во Битола ќе биде отворено прифатилиште за бездомни кучиња

Наскоро во Битола ќе биде отворено прифатилиште за бездомни кучиња

Битола, 21 февруари 2024 (МИА) - Општина Битола ќе го реши проблемот со бездомните кучиња и тоа ќе биде направено согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Во завршна фаза е адаптацијата на соодветните услови во прифатилиштето, согласно добиени насоки од Агенцијата за храна и ветеринарство чија екипа изврши проверка на состојбата со прифатилиштето, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

-Во моментов на терен работи економскиот оператор ДПТУ Проветалек ДООЕЛ кој врши заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територијата на Општина Битола. Согласно склучениот договор со општината, од ноември до денес заловени се 25 кучиња од кои едно е вдомено, едно е евтанизирано, а 23 се вратени на локацијата на заловување. Економскиот оператор во извршување на дејноста постапува согласно важечките правилници и заловувањето се врши во периоди во кои временските услови се соодветни за реализација на активностите во Градскиот парк, централното градско подрачје, основните и средните училишта или кај други институции по налог на општината. Со ваквиот начин на работа, општината постапува согласно законската регулатива во решавањето на проблемот со бездомните кучиња, соопштија од тамошната локална самоуправа, демантирајќи информации дека наводно во градот има појава на исчезнување на уличните кучиња. мт/мд/

Фото: Општина Битола 

 
 

Остани поврзан