• среда, 25 декември 2024

Насилни протести на таксистите во Кејптаун, двајца мажи убиени

Насилни протести на таксистите во Кејптаун, двајца мажи убиени

Кејптаун, 7 август 2023 (МИА) - Двајца мажи се убиени денеска во јужноафриканскиот град Кејптаун, за време на петтиот ден од насилните протести што минатата недела ги започнаа возачите на минибус-такси против владата.

Едно лице загина, а тројца се ранети во пукање во близина на меѓународниот аеродром Кејптаун, откако група демонстранти фрлале камења врз автомобил, а возачот возвратил со оган“, соопшти полицијата.

Полицијата додава дека престрелката се случила при блокада организирана од таксистите во близина на аеродромот и потврди дека убиецот ќе биде под истрага за убиство и обид за убиство.

Во меѓувреме, еден маж почина од повеќе прострелни рани во одвоено пукање за кое полицијата наведува дека е исто така поврзано со протестите.

Немирите на периферијата на вториот по големина град во Јужна Африка избија откако минатиот четврток штрајкуваа таксистите на минибуси, „огорчени од грубиот третман на полицијата и градските власти“ и одземањето на некои од нивните возила.

Во петокот вечерта беше убиен службеник за спроведување на законот, а градските власти смртта на тој полицаец ја поврзуваат со протестите.

Имаше запалени возила на бројни локации во предградијата на Кејптаун, каде големите, сиромашни населби се место на чести насилни протести. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан