• четврток, 26 декември 2024

НАСА ја претстави првата Домородна Американка што ќе патува во Вселената

НАСА ја претстави првата Домородна Американка што ќе патува во Вселената
Хјустон, 19 август 2022 (МИА) - Американската вселенска агенција НАСА, ја претстави астронаутката Никол Аунапу Ман - првата Домородна Американка која ќе патува во Вселената. Ман е полковник кај маринците, а му припаѓа на народот Вилацки. НАСА потврди дека таа ќе биде командантка на мисијата „Кру-5“ на Меѓународната вселенска станица (МВС), којашто ќе се спроведе со ракета на „Спејс-Икс“. Лансирањето е закажано за 29 септември, со шестмесечен престој потоа. Екипажот на мисијата ќе го сочинуваат и астронаутот на НАСА, Џош Касада, Јапонецот Коичи Ваката и Русинката Ана Кикина. Инаку, човекот од народот Чикаса, Џон Херингтон се смета за првиот Домороден Американец кој отишол во Вселената, со вселенскиот брод „Ендивор“ во 2002 година. За Ман, ова е историски миг. Таа верува дека нејзината мисија ќе ги „урне бариерите“ за децата староседелци кои не веруваат дека можат да станат астронаути.  си/  

Остани поврзан