• петок, 27 декември 2024

НАСА повторно ја одложи „Артемис 1“, поради бурата Никол

НАСА повторно ја одложи „Артемис 1“, поради бурата Никол

Хјустон, 10 ноември 2022 (МИА) - Американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА е принудена повторно да ја одложи мисијата „Артемис 1“, овојпат поради тропската бура Никол што се приближува до Флорида.

„Промената на датумот на лансирање ќе ѝ овозможи на нашата работна сила да се грижи за своите семејства и домови и да се врати по бурата, за повторно да се подготви за лансирањето“, соопшти НАСА. Ракетата „СЛС“ требаше да полета на 14 ноември, рано наутро, при можни поволни временски услови, но тоа нема да се случи. Следниот прозорец за лансирање е 16 ноември. При успешна мисија, тоа ќе биде прво лансирање на масивната ракета „СЛС“ на НАСА, дизајнирана за патување подалеку во вселената. Ова е вторпат како бура ги нарушува плановите за почеток на „Артемис 1“. Во септември лансирањето беше откажано поради ураганот Ијан.  си/сд/

Остани поврзан