• сабота, 23 ноември 2024

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот на МД „Илинден“ за загриженоста околу пописот во земјата

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот на МД „Илинден“ за загриженоста околу пописот во земјата

Тирана, 6 август 2024 (МИА) - Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во однос на загриженоста и вознемиреноста на Македонците, околу случувањата со пописот на населението во Албанија и прикажаните „неверодостојни потадоци“.

- Народниот правобранител беше информиран за проблемите околу пописот и влијанието на бугарските дипломатски претставници за да се намали бројот на Македонците и проблемот со терминот Северна Македонија за Македонците, на албански јазик, што беше само за нас и „северно Македонци“ на англиски јазик, од Институтот за статистика, ИНСТАТ, на прегледот за резултатите
за етничката припадност, рече за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Во одговорот меѓу другото стои дека во однос на првата загриженост на припадниците на македонското малцинство, дека резултатите се фалсификувани и изманипулирани, со цел намалување на бројот на прпадниците на македонското малцинство побарале објаснување од ИНСТАТ, но не добиле одговор.

- Што се однесува до втората вознемиреност, околу употребата на терминот „Северна Македонија“ на албански јазик и „Сeверно Македонци“ на англиски, во прегледот за етничката припадност, побаравме од ИНСТАТ да гарантира почитување на националната припадност на македонската заедница, стои во одговорот на народниот правобранител. Оваа неправилност беше коригирана по разговорот на македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот албански колега Игли Хасани.

Народниот правобранител во одговорот се заблагодарува за искажаната доверба на МД „Илинден“ како кон институција и додава дека и во иднина, како и до сега, максимално ќе се ангажира во почитувањето на правата на националните малцинства и заштита на нивните права согласно меѓунароните стандрарди.

Пописот на населението, 12. по ред беше сроведен од 30 октомври до 16 ноември, а според резултатите објавени од ИНСТАТ на 28 јуни попишувачите „попишале“ само 2.281 Македонец, наспроти
7957 Бугари. Во сите претходни единаесет сроведени статистички операции не било регистрирано ниту едно лице кое се изјаснило како Бугарин.

Пописните резултати околу етничката припадност со заедничка декларација не ги признаа претставниците на осумте малцинствата, освен бугарското, додека Православна и Католичката црква не ги признаа резултатите за бројот на популацијата по верска припадност.

Опозициската Демократска партија не ги признава бројките за вкупниот број на население и бројот на иселените од претходниот до последниот попис, што го потврдува со податоци од Евростат. Со пописот се иселиле 400 илјади, но според европската агенција над 900 илјади.

Наспроти сите обвинувања за манипулации и фалсификат, од ИНСТАТ, излегоа со став дека пописот бил спроведен според меѓунарордните стандарди. вт/cr

Фото: МД „Илинден“

Остани поврзан