• четврток, 19 декември 2024

Народниот правобранител ги демантира обвинувањата на Алијанса за Албанците за комуникацијата со МОН

Народниот правобранител ги демантира обвинувањата на Алијанса за Албанците за комуникацијата со МОН
Скопје, 23 април 2022 Народниот правобранител најостро го демантира вчерашното соопштение на партијата Алијанса за Албанците, во кое се тврди дека комуникацијата помеѓу канцеларијата на Народниот правобранител и Министерството за образование и наука е водена единствено на македонски јазик од причина што истото е испратено и на албански јазик. Имено, институцијата Народен правобранител повеќе од 17 години сите дописи, извештаи (Годишниот извештај посебните извештаи, соопштенијата за јавноста), ги преведува и на албански јазик и истите ги доставува во сите иснтитуции, единици на локалната самоуправа и медиумите кои го користат албанскиот јазик. Исто така , во оваа прилика потсетуваме дека веб -страницата, како и официјалната фејсбук страница на институцијата се достапни како на македонски, така и на албански јазик. Како крајно непрофесионално го оценуваме едностраното гледање на работите, од причина што било кој да побараше, па дури и политичката партија, ќе можеше да го добие дописот (кој беше објавен од страна на миниситерството за образование и наука на македонски јазик) преведен и на албански јазик. Како потврда на ова во прилог Ви го доставуваме архивски заведениот допис и на албански јазик. Се надеваме дека во иднина институцијата нема да биде доведена во ситуација да испраќа деманти за прашања кои како што напоменавме се апсолвирани пред повеќе од 17 години. НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан