Народна банка на Србија: Зголемени се девизните резерви на државата
- Бруто девизните резерви на Народната банка на Србија (НБС) на крајот на јануари годинава изнесуваа 29,4 милијарди евра, што е зголемување за 388,4 милиони евра во споредба со крајот на декември лани, соопшти денеска централната банка на Србија.
Белград, 11 февруари 2026 (МИА) - Бруто девизните резерви на Народната банка на Србија (НБС) на крајот на јануари годинава изнесуваа 29,4 милијарди евра, што е зголемување за 388,4 милиони евра во споредба со крајот на декември лани, соопшти денеска централната банка на Србија.
Тој износ на девизни резерви обезбедува покриеност на паричната маса М1 од 167,6 проценти и 6,8 месеци увоз на стоки и услуги, што е повеќе од двојно од стандардот што го одредува соодветното ниво на покриеност на увозот на стоки и услуги со девизни резерви, соопшти НБС.
Нето девизните резерви на крајот на јануари изнесуваа 24,9 милијарди евра, и се за 318,4 милиони евра повисоки отколку на крајот на декември лани. зш/рп/