• недела, 24 ноември 2024

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 49. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 49. сесија на Клубот на истражувачите

Скопје, 30 ноември 2023 (МИА) - Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 49. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 21 декември 2023 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка.

Заинтересираните истражувачи , како што информираат од Народна банка, може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 11 декември 2023 година.

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер. дма/са/

Фото: Народна банка

Остани поврзан