• понеделник, 23 декември 2024

Народната банка не знае детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем

Народната банка не знае детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Народната банка не знае детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем и воопшто не е вклучена во овој процес. Ќе може да излезе со став откако ќе има подетални сознанија, рече денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. 

-Не сме вклучени во овој процес. Не ги знаеме деталите од разговорите. Кога ќе имаме подетални сознанија за разговорите и договорот меѓу банките и Владата, тогаш ќе можеме да излеземе со наш став, рече Ангеловска-Бежоска, одговорајќи на новинарски прашања, откако ги презентираше есенските макроекономски проекции.

Во врска со најавите на Владата за дополнителни задолжувања, гувернерката напомена дека намалувањето на буџетскиот дефицит е клучно за стаблизирање на јавниот долг. Во оваа насока ги повтори препораките на меѓународните финансиски институции: постепена фискална консолидација, постепена монетарна акомодација во линија со фискалната консолидација и интензивирање на структурните реформи.

ри нашите проекции ја земаме предвид најновата фискална стратегија која беше неодамна донесена и која предвидува патека на фискална консолидација, односно од буџетски дефицит 4,9 проценти оваа година, негово постепено намалување и сведување на околу три отсто во 2027 година. Нема дилема дека намалувањето на буџетскиот дефицит е клучно за стаблизирање на јавниот долг, подвлече Ангеловска-Бежоска.  

Уште еднаш порача и дека стабилноста на јавните финансии е клучна од два аспекта: за среднорочна одржливост на јавниот сектор (за да може државата да го подготви и изгради својот капацитет за справување со натамошни, идни шокови), како и за поддршка на монетарната политика. Колку фискалната политика е попрудентна, тоа, напомена гувернерката, создава поголем простор за релаксирање на монетарната политика, односно посоодветни услови за обезбедување финансиска поддршка на компаниите и на граѓаните преку пониски каматни стапки.

The National Bank has projected a slowdown of inflation and weaker economic growth for 2024 and 2025, compared to the April projections.

Останува потребата, дополни, од водење прудентни домашни макроекономски политки за да нема нов бран инфлациски притисоци.

-Сите политки кои влијаат на агрегатната побарувачка, може да влијаат на инфлацијата. Имајќи ја предвид големата отвореност на нашата економија, големото учество на цените на храната и енергијата во нашиот инфлациски индекс, нешто над 50 отсто, јасно кажува дека глобалниот контекст и геополитичките ризици кои може позначајно да влијаат на цените на примарните производи, остануваат клучен ризик. Останува потребата од водење прудентни домашни макроеконосмки политки кои може да влијаат на агрегатната побарувачка, особено политките на пазарот на труд, но и интензитетот со кој би се спроведувале стуктурните реформи, објасни  Ангеловска-Бежоска.

Според есенските проекции на Народната банка, девизните резерви достигнаа 4,9 милијарди евра што е нешто над четиримесечен увоз на стоки и услуги што се оценува како сосема соодветно ниво и во линија со монетраната стратегија на одржување стабилен девизен курс на домашната валута во однос на еврото.

Во однос на странските директни инвестиции, проекциите на среден рок се 4 отсто од БДП.

-Ова е слично ниво како во изминатите две години или малку пониско од тие 4,3 проценти во просек. Остварувањата продолжуваат да бидат солидни и првата половина од оваа година, беа подобри и од нашите очекувања. Приватните трансфери лани надминаа две милијарди евра, беа историски највисоки, па среднорочно сме попретпазливи и очекуваме нивно стабилизирање, рече дувернерката. мч/аа/

фото/видео: МИА

Тагови

Остани поврзан