• четврток, 26 декември 2024

Наришкин: Анкара отворено застанува на страната на Азербејџан

Наришкин: Анкара отворено застанува на страната на Азербејџан

Москва, 6 октомври 2020 (МИА) - Турција е нов фактор во конфликтот во Нагорно Карабах и станува збор за тоа дека Анкара за првпат отворено застанува на страната на Азербејџан, изјави рускиот функционер Сергеј Наришкин.

- Отворената и недвосмислена поддршка на Турција за Азербејџан е нешто ново што влијае на моменталната ескалација на ситуацијата во регионот Нагорно Карабах, изјави Наришкин, шеф на руската служба за разузнавање.

- Веќе има конфликти на линијата што ги одделува двете страни. Сегашната ситуација е особено загрижувачка не само во однос на обемот, туку и во однос на влијанието врз привлекувањето нови странски фактори, додаде Наришкин.

Борбите за планинскиот регион Нагорно-Карабах почнаа во неделата (27 септември), а двете страни меѓусебно се обвинуваат за ескалација на ситуацијата. паг/

Остани поврзан