• недела, 06 октомври 2024

Наредните денови во Град Скопје ќе се прска против комарци

Наредните денови во Град Скопје ќе се прска против комарци
Скопје, 21 јуни 2022 (МИА) - Во текот на наредните неколку дена на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци, информираат од Град Скопје. Како што е наведено во соопштението,  терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од утре до сабота, односно 25.06 во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден, а авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, пак, ќе се одвива на 25.06, сабота и наредниот ден во раните утрински часови.Од Град Скопје информираат дека доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а воедно порачуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.свс/лв/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан