• сабота, 23 ноември 2024

„Направи нешто за сопственото здравје - не оставај на случајност“ - кампања за машкото здравје во Штип

„Направи нешто за сопственото здравје - не оставај на случајност“ - кампања за машкото здравје во Штип

Штип, 11 ноември 2024 (МИА) - Под мотото „Направи нешто за сопственото здравје - не оставај на случајност “, Општина Штип почна со спроведување на камапањата за машкото здравје во текот на целиот месец.

Снежана Санева од Општина Штип на денешната прес-конференција истакна дека активностите се во соработка со штипската Клиничка болница, Дом на млади, како и приватни здравствени установи. Целта, како што посочи, е граѓаните да водат поголема грижа за сопственото здравје, да прават редовни контроли и на тој начин навремено да се зашититат.

-Овие активности се предвидени и во Програмата за еднакви можности за 2024 година. Во нив е предвидено реализирање на испитувања кои ќе треба да ја опфатат машката популација во нашиот град. Целта беше да се поттикне овој дел од нашите граѓани да преземат мерки за сопственото здравје, вели Санева.

Во Клиничка болница -Штип веќе започнаа скриниг прегледите за пациентите и ќе се реализираат секоја сабота од месец ноември. Величе Николова од Клиничка болница-Штип нагласи дека заинтересираните пациенти може да закажат преглед и да го проверат сопственото здравје. Од болницата информираат дека интересот за првата сабота бил задоволителен.

- Скрининг прегледите започнаа од 9 ноември и се реализираат секоја наредна сабота од месец ноември, односно на 16, на 23 и на 30 ноември. Сите наши заинтересирани граѓани ги повикуваме да закажат и да дојдат, рече Николова.

Овој месец се предвидени и предавања кои ќе се реалзираат во Дом на млади во Штип. На тој начин ќе се врши едукација кога е во прашање здравјето на пациентите. Видан Лазарев, директор на Дом на млади-Штип нагласи дека на предавањата ќе учествуваат и доктори од приватните клинички установи од земјава. вдј/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан