• недела, 28 јули 2024

Направени над 40.000 бесплатни мамографии во Грција во рамките на програмата „Фофи Генимата“

Направени над 40.000 бесплатни мамографии во Грција во рамките на програмата „Фофи Генимата“
Атина, 25 октормври 2022 (МИА) - Преку програмата „Фофи Генимата“ за превенција од рак на дојка, воведена во јуни годинава во спомен на починатата лидерка на ПАСОК, во Грција досега се направени над 40.000 бесплатни дигитални мамографии, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерствата за здравство и дигитална политика на Грција соопштија дека биле испратени смс пораки со упат за мамографија до сите жени на возраст меѓу 50 и 69 години, веќе се направени над 40.000 мамографии, кај 17.605 жени бил дијагностициран бениген наод, за 5.104 жени било потребно дополнително испитување со негативен резултат, а кај 2.411 жени навремено бил дојагностициран рак на дојка и за мнозинството од нив не била потребна мастектомија или хемотерапија. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис рече дека ја спроведуваат „најголемата програма за превентивни прегледи што постои“, додека пак министерот за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис исакна дека „за помалку од пет месеци програмата „Фофи Генимата“ стана сојузник на сите жени на возраст од 50 до 69 години“. Програмата, која е финансирана од Фондот за закрепнување, беше официјално промовирана на почетокот на јуни и е за превенција и предсимптоматски прегледи за рак на дојка за жени од 50 до 69 години, програма што го носи името на починатата претседателка на ПАСОК-Движење на промена, која пред точно една година ја згуби биката со ракот. На презентацијата на програмата , сопругот на Генимата, Андреас Цунис рече дека прашањето со превенцијата на рак на дојка, „беше прашање кое Фофи Генимата се обидуваше да го истакне преку сите позиции што ги имаше и во политиката и во животот“. На денешен ден пред една година почина лидерката на ПАСОК-Движење на промена Фофи Генимата, која долги години се бореше со ракот, а неколку дена по нејзината смрт грчкиот премиер ја најави програмата, истакнувајќи дека „државата со специјална програма за превенција од рак, што ќе го носи нејзиното име, го чествува споменот на Фофи Генимата, онака како што и таа ќе сакаше“. ср/сд/

Остани поврзан