• четврток, 26 декември 2024

Наполи со понуда до Кулибали, бидејќи никој не сака да плати

Наполи со понуда до Кулибали, бидејќи никој не сака да плати
Неапол, 24 јули 2020 (МИА) - Наполи и Калиду Кулибали преговараат за продолжување на договорот на играчот, откако ниту еден клуб не може да ги плати бараните пари за него, информира „Кориере дело Спорт“. Долго време, претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис тврдеше дека нема да го ослободи дефанзивецот за помалку од 100 милиони евра. По избувнувањето на пандемијата на коронавирус, се зборуваше за намалување на бараната сума - 75-80 милиони евра, но сепак никој не дава. Најновите информации велат дека Манчестер Сити понудил околу 75 милиони евра, но се чини дека тоа не е доволно за Де Лаурентис. Манчестер Јунајтед и Ливерпул се останатите клубови што се заинтересирани за Кулибали. Тековниот договор на Сенегалецот со Наполи е до јуни 2023 година, што им отежнува на кандидатите за него.

Тагови

Остани поврзан