• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Наполи даде дозвола за продажба на Осимен во јануари

Наполи даде дозвола за продажба на Осимен во јануари

Неапол, 27 декември 2024 (МИА) - Раководството на Наполи му даде зелено светло на Виктор Осимен за трансфер во јануари.

Нигерискиот напаѓач, кој моментално е позајмен во Галатасарај, го бараат неколку клубови од Премиер лигата - Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал и Астон Вила, пренесува „ТБР Фудбал“.

Цената на напаѓачот е 75 милиони евра и доаѓа во форма на опција. Оваа клаузула е содржана во позајмицата на Осимен на турскиот шампион Галатасарај. дс

Фото: Архива

Остани поврзан