• недела, 01 септември 2024

Наполи го освои Купот на Италија

Наполи го освои Купот на Италија
Неапол, 17 јуни 2020 (МИА) - Наполи е новиот носител на Купот на Италија! Вечерва, фудбалерите на Џенаро Гатузо го совладаа Јувентус во финалето по пенали. Неаполитанците беа подобар тим во текот на целиот натпревар и тотално го надиграа својот противник, а само брилијантните интервенции на Џанлуиџи Буфон ги спречуваа „небесносините“ да победат во редовно време. Се си дојде на место по изведувањето на пеналите и Наполи победи со 4:2 по ударите од белата точка.

Тагови

Остани поврзан