• четврток, 26 декември 2024

Напладне осветување на водите на Преспанското Езеро

Напладне осветување на водите на Преспанското Езеро

Битола/ Ресен, 19 јануари 2024 (МИА) - Во сите храмови во Преспанско-пелагониската епархија со утринска литургија почна одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Централната прослава е во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола, каде митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г. Петар служи Света архиерејска литургија.

Во 11 часот ќе биде осветена водата во црковниот базен во кругот на црквата „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и ќе биде положен крстот за осветување на водите.

Напладне, свештеници на Преспанско-пелагониската епархија ќе ги осветат водите во Преспанското Езеро, во близина на туристичката населба Отешево, каде градоначалникот Јован Тозиевски ќе додели награда на најсреќниот учесник што ќе го фати живототворен крст. мт/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан